Осомничениот за убиството во Охрид уапсен во Куманово


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Куманово е уапсен осомничениот за убиството на жената што завчера го потресе Охрид. Осомничениот за убиството потекнува од Куманово, а во моментот на разбојништвото живеел во иста станбена зграда со жртвата и се познавал со неа. 

По убиството, осомничениот заминал за Куманово со намера да излезе од границите на државата. Основното јавно обвинителство Охрид ги презема сите потребни дејствија за кои јавноста благовремено ќе биде информирана, соопштуваат од Обвинителството.

Завчера вечерта осомничениот ја уби шеесет и седумгодишната Спаса Бојоска во потрага по пари, со неколку убодни рани во пределот на телото и главата. Ја убил во домот во кој живеела сама на улицата Галичица.