Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сцената која се одвивала пред судот во францускиот град Тараскон делувала повеќе како снимање на крими сцена од акционен филм, отколку како реална сцена од полициско-судското секојдневие.
Двајца вооружени мажи нападнаа комбе што превезувало затвореник до суд во Франција, пукајќи на возилото и напаѓајќи го чуварот пред да избегаат, изјавија официјални лица. Синдикатот ги обвинува властите за наивност, пренесе Гардијан.
Инцидентот се случи околу 8.30 часот во понеделник во градот Тараскон, во зори, веднаш пред судницата, каде што 27-годишниот Лотфи Бусуак требало да биде изведен пред судија.
Затвореникот, кој е во притвор од септември 2017 година, се соочува со обвиненија за вооружен грабеж, изјавија официјални лица од затворот.
? Un détenu s’est évadé à #Tarascon , après l’ #attaque de la fourgonnette de l’administration pénitentiaire qui le transportait au tribunal. Il s’agirait d’un homme de 27 ans condamné pour des faits de vol avec arme #Faitsdivers pic.twitter.com/ZdiL3EMBrY
— La Provence (@laprovence) January 28, 2019
Двајца силно вооружени мажи, кои чекаа во заседа „пукаа на возилото кое се обидело да побегне со затвореникот“, рече локалниот обвинител Патрик Дежардан.
Во комбето се пронајдени неколку дупки од куршуми, вклучувајќи и на предното ветробранско стакло, а од местото на настанот се пронајдени најмалку 11 чаури, вклучувајќи и некои од автоматска пушка, додаде тој.
Тројцата чувари кои го придружувале Бусуак од затворот во Безиерс оддалечен 150 километри, двајца мажи и една жена биле „многу потресени“ од инцидентот, но никој од нив не бил погоден со огнено оружје, соопшти обвинителот.
Бандата и затвореникот избегале пеш, додаде тој.
Дежардан рече рече дека Бусуак имал 14 претходни пресуди, но не бил одреден за потреба од посебен надзор, иако бил поврзан со „повисок спектар на криминал“.
Меѓутоа, Карим Терки претставник на синдикатот на затворот, рече дека Бусуак веќе се обидел да избега од затвор.