Home Актуелно Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Скопскиот кривичен суд изрече ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев за случајот „Поткуп“. Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од над 160 илјади евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев. Според изречената пресуда, обвинителството не успеало да докаже дека Заев го сторил делото.

Премиерот Зоран Заев денеска беше ослободен од обвинението за случајот „Поткуп“. Судијата Дарко Тодоровски, при изрекувањето на пресудата во Кривичниот суд, рече дека јавниот обвинител не докажал оти Заев го сторил кривично дело за кое се товареше.

На претходните рочишта јавниот обвинител побара делото да биде преквалификувано од примање во барање поткуп, по што судијата ги отфрли доказите во случајот прибавени преку посебните истражни мерки, односно видео-снимките и телефонските разговори. За делото барање поткуп, согласно законот, Тодоровски порача дека не може да бидат спроведени посебни истражни мерки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…