Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако изгледа како жена на која никој не може да наредува, и Џенифер Лоренс овие денов призна дека на почетокот од кариерата доживеала непријатни ситуации.
На настанот Women In Hollywood кој го организираше списанието Elle, 27-годишната оскаровка открива дека извесен продуцент од Холивуд ѝ рекол дека е „добра за ебење“, додека друга продуцентка ја соблекла гола и ја натерала да стои таква покрај многу слаби девојки, за да ѝ покаже дека мора да се подложи на диета.
Џенифер призна дека двата инциденти се случиле додека уште била тинејџерка. На филм прв пат се појави пред девет годни, а се прослави со филмот Winter’s Bone од 2010 година.
„Кога бев многу млада и штотуку почнував кариера во Холивуд, продуцентите ми рекоа дека морам да ослабам седум килограми во две недели. Една девојка пред мене доби отказ затоа што не ослабела доволно брзо. Продуцетка ме натера да стојам гола со пет други жени, кои беа многу, многу, многу послаби од мене. Сите стоевме таму голи, само со лепенки кои ги сокриваа интимните делови“, опиша Лоренс.
„После тоа ми рече дека својата гола фотографија треба да ја користам како инспирација за диета. Денес тоа ми е смешно“, додаде таа. Потоа го опиша непријатното искуство со извесен машки продуцент.
„Сакав да разговарам со него за нереалниот режим на исхрана, а тој ми рече дека не знае зошто сите велат дека сум дебела, кога нему сум му совршена за ебење. Ме праша дали би глумела во порнич, а имаше и муабети кои ми е непријатно да ги кажувам тука, додека сум облечена во овој свечен фустан“, објасни Лоренс.
Како причина поради која никому ништо не кажала за тоа во својот говор го наведе фактот дека „тие поради неа никогаш не би добиле отказ“.
„Дозволив да ме третираат така бидејќи си мислев дека морам да трпам ако сакам да ја остварам мојата актерска кариера. Бев млада и се наоѓав на тенка граница помеѓу борбата за себе и тоа да ме сметаат за тешка. Не сакав да бидам свиркачка, не сакав да се пишува за моите непријатни искуства. Само сакав кариера“, додаде Џенифер.