Оштетено возилото на бившата пратеничка Солза Грчева


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лидерката на „Глас за Македонија“ и бивша македонска пратеничка Солза Грчева на фејсбук објави дека ѝбило оштетено возилото по гостување во медиум.

Грчева во објавата во која сподели и фотографија на автомобилот на која се гледа дека е извадена регистарската таблица прокоментира:

„Секој мој жесток настап, како оној пред три дена на Алфа, има своја цена со која морам да живеам. И не е прв, ниту последен пат. Среќа што се уште насочени (на разни начини) на колата. Можат да станат и поинвентивни. Ама ич нема да ме замолчат. Напротив“.