Оштетен автомобилот на Ермира Мехмети – еве што им порача на напаѓачите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешната пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, објави фотографија на нејзиниот Фејсуб профил, од скршен прозорец на нејзиниот автомобил, укажувајќи дека добива анонимни закани за да биде замолчена.

18-12-ermira-avtomobil

-Може да продолжите да кршите стакла и друго на мојот автомобил, можете да испраќате заканувачки пораки ,можете да продолжите со анонимни повици по полноќ, може да продолжите со игрите против мене….Но тоа нема да ја смени политичката реалност дека не сте ништо повеќе од трагични губитници. Имајте пријатен ден, семејство Мехмети – напиша таа.

Инаку, Мехмети за Алсат М во петокот изјави дека губитници на изборите се ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, а граѓаните гласале за промени.