Osborne 1 – првиот комерцијален лаптоп


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Osborne 1 беше првиот произведен комерцијално успешен портабл компјутер, кој во продажба беше пуштен на 3 април, 1981 година, од страна на Osborne Computer Corporation. Тежи 10,7 килограми, а неговата цена кога беше лансира изнесуваше 1.795 долари (еквивалент на денешни околу 4.800 долари).

Osborne 1 користеше CP/M 2,2 оперативен систем, а со електрична енергија се напојуваше директно од фиксен приклучок (штекер), не поседувајќи мобилна батерија. Сепак, и покрај оваа негова „фиксирачка“ карактеристика, беше сметан за лаптоп бидејќи можеше да се носи во раце кога беше исклучен и спакуван.

Овој компјутер поседуваше габаритен софтвер кој речиси беше еквивалент на големината на самата машина.

Osborne 1 беше развиен од Адам Озборн и дизајниран од Ли Фелсенштаин. Беше најавен на почетокот од 1981 година. Дизајнот на Osborne 1 беше главно базиран на Xerox NoteTaker, прототип развиен од Xerox PARC во 1976 година од страна на Алан Кеј.

 

Подоцнежен, редизајниран модел на Osborne 1

Компјутерот беше дизајниран да биде портабл, со пластично куќиште на склопување (затворање) и рачка. Имаше димензии и тежина на машина за шиење и беше промовиран како единствениот компјутер кој го собира под авионско седиште.

Имаше централна обработувачка единица Zilog Z80 @ 4.0 MHz и RAM меморија од 64 КВ.