Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Osborne 1 беше првиот произведен комерцијално успешен портабл компјутер, кој во продажба беше пуштен на 3 април, 1981 година, од страна на Osborne Computer Corporation. Тежи 10,7 килограми, а неговата цена кога беше лансира изнесуваше 1.795 долари (еквивалент на денешни околу 4.800 долари).
Osborne 1 користеше CP/M 2,2 оперативен систем, а со електрична енергија се напојуваше директно од фиксен приклучок (штекер), не поседувајќи мобилна батерија. Сепак, и покрај оваа негова „фиксирачка“ карактеристика, беше сметан за лаптоп бидејќи можеше да се носи во раце кога беше исклучен и спакуван.
Овој компјутер поседуваше габаритен софтвер кој речиси беше еквивалент на големината на самата машина.
Osborne 1 беше развиен од Адам Озборн и дизајниран од Ли Фелсенштаин. Беше најавен на почетокот од 1981 година. Дизајнот на Osborne 1 беше главно базиран на Xerox NoteTaker, прототип развиен од Xerox PARC во 1976 година од страна на Алан Кеј.
Компјутерот беше дизајниран да биде портабл, со пластично куќиште на склопување (затворање) и рачка. Имаше димензии и тежина на машина за шиење и беше промовиран како единствениот компјутер кој го собира под авионско седиште.
Имаше централна обработувачка единица Zilog Z80 @ 4.0 MHz и RAM меморија од 64 КВ.