Оружјето со кое Винсент Ван Гог си го одзел животот оди на аукција


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Огненото оружје со кое славниот холандски сликар Винсент Ван Гог на 27 јули, 1890 година, си го одзел животот, во среда ќе биде дадено на аукциска продажба во Париз. Аукцијата ја организира аукциската куќа „Auction Art“, а револверот се очекува да достигне цена меѓу 40.000 и 60.000 евра.

Ван Гог по две години поминати на југот на Франција, на 20 мај 1890 година се преселил во гратче северно од Париз по совет на неговиот брат. Лекарот Пол Гаше се грижел за здравјето на холандскиот уметник, кој имал чести психолошки кризи. Ван Гог изнајмил соба во гостилница и тогаш бил на врвот од своето уметничко творештво, односно сликал по една слика дневно.

На 27 јули 1890 година отишол на прошетка и таму се обидел да се самоубие со револверот што го зел од сопственикот на гостилницата. Но, оружјето му се лизнало од раката и Ван Гог се онесвестил. Се разбудил ноќта и ранет тргнал да се врати кон гостилницата. И покрај помошта на лекарот, Ван Гог починал по два дена агонија.

Револверот во 1960 година го нашол земјоделец и го предал на сегашните сопственици на гостилницата. Револверот првин бил закачен на ѕидот во гостилницата, а потоа бил изложен во музејот посветен на Ван Гог во Амстердам.

Американските научници имаат теза дека Ван Гог не се самоубил, туку бил застрелан од млади луѓе што си играле со оружјето.