Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бизмисменот Орце Камчев, кој моментално е најактуелен во јавноста со аферата „Рекет“, а претходно беше актуелен со сè уште случајот во процес „Империја“, се повлече од раководните позиции во неговата „Орка Холдинг“. Тоа го покажуваат податоците од Централниот регистар објавени на 13.08.2019 година, пренесува „Слободен печат“.
На неговото место како директор и член на Извршен одбор на директори доаѓа Антонио Маринковски.
Тој останува единствено неизвршен член на Одборот заедно со неговата сестра Кристина Камчева Стојческа. Камчев се повлекува од позициите додека во тек е истрагата за случајот „Рекет“ во која се осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски кои побарале милион евра за да се стопира против него истрага за случајот „Империја“ на СЈО.
Од Неизвршниот одбор на директори се повлекуваат и мајката на Камчев, Ратка Куноска Камчева и Зорица Арсовска.