Оригинална идеја: Резервните играчи од Викторија Плзен ќе седат во пивски лименки


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Челниците на Викторија Плзен дојдоа до интересна и уникатна идеја во соработка со една чешка пивара.

Клупите за резервни играчи ќе бидат направени во форма на лименки за пиво, а промоција на оваа уникатна дизајнерска реализација ќе има веќе денес, кога учесникот во квалификациите за Лигата на шампионите ќе го дочека Дукла од Прага.

Подготовките траеја неколку месеци, а самата изработка траеше четири недели, при што беа потрошени 4 тона метал и 300 квадратни метри алуминиум.

Од клубот со гордост истакнуваат дека резервните играчи ќе имаат целосен комфор на клупите.

„Секако, ниту еден играч не сака да седи на клупата за резерви, сите сакаат да се на терен. Но, ние сме тим, не само 11 играчи на теренот, па задоволен сум што резервистите ќе имаат целосен комфор“, изјави играчот за врска од чешкиот клуб, Милан Петржела.

Седиштата се направени од кожа со вграден систем за загревање, па на резервните играчи ќе им биде пријатно и во текот на зимските месеци, дури и ако не играат.