„Оргазмична медитација“: Им плаќаат на мажи да ги масираат „во гаќичките“ (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новиот „велнес“ тренд кој го освојува западниот свет, веројатно ќе им се допадне на голем број од јога поклониците. Станува збор за таканаречена оргазмична медитација или скратено „OMing“, пренесува Metro.

Американска компанија на жените им нуди понуда за масажа на вагината како начин на опуштање и „живеење на моментот“.

Експертите за OMing тврдат дека оргазмичната медитација е одлична за луѓе кои сакаат на другите да им пружаат задоволство, но не научиле како самите да го примаат тоа. Акцентот тука не е ставен на доживувањето на оргазмот, туку на целокупното искуство.

На сеанса можете да го поведете и партнерот/ката или некој/а пријател/ка, а можете да отидете и сами и да се препуштите на рацете на целосно непознат маж или жена.

„Во текот на оргазмичната масажа личноста 15 минути го милува клиторисот на жената, а целта е таа да доживее сензација. Тоа е пракса која ги комбинира моќта на медитацијата и длабоката поврзаност на луѓето за да се доживее оргазам“, велат од компанијата One Taste.

Оттаму тврдат дека ваквата масажа им помага на луѓето да бидат емпатични, поврзани и великодушни.

Сите кои сакаат да искусат ваков вид на сензација, мора да платат и „великодушна“ цена, се разбира, во Америка. Тридневна сеанса таму чини околу 650 долари.