Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Нов голем скандал ја тресе Шпанија во кој е вклучен претседателот на фудбалската федерација Луис Рубиалес.
Весникот „Ел Мундо“ објави дека претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија организирал оргии со 8-10 млади девојки и плаќал со службена картичка.
Наводно, целата оваа приказна ја започнал Хуан Рубиалес, кој е роднина на претседателот на Шпанската фудбалска федерација, а и тој своевремено бил член на неговиот тим и бил вработен во Фудбалскиот сојуз.
Шпанците пишуваат дека Рубиалес ги организирал овие забави под изговор на работни средби и ги поканил само најблиските членови на својот тим од Федерацијата.
„ФС на Шпанија ги негира изјавите на поранешен вработен и член на тимот на претседателот. Изјавите на Хуан Рубиалес објавени од „Ел Мундо Депортиво“ се лажни и против него е покрената истрага“, се вели во соопштението.