Орбан потклекна пред ЕУ и Сорос


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Унгарскиот премиер Виктор Орбан се согласил да ги задоволи сите барања на ЕУ во врска со контроверзниот закон за образование, кој предизвика масовни протести во Унгарија, а Европската комисија покрена постапка против неговата влада, соопшти групата Европски народни партии (ЕПП).

Со овој закон, што веќе го усвои унгарскиот Парламент, се доведува во прашање натамошната работа и постоењето на угледниот Универзитет на Централна Европа (ЦЕУ) што по падот на комунизмот, во Будимпешта, го има основано американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос.

Групата десно-центристички партии, каде членува и унгарската Фидеш на премиерот Орбан, врз него и врз владата во Будимпешта извршила притисок да се прифатат барањата на ЕУ за промена на законот, откако тој бил повикан на разговор во врска со законот.

Според европските медиуми, на Фидеш и на нејзиниот лидер Орбан им било речено дека доколку не се прифатат барањата на Брисел, унгарската партија ќе биде исклучена од групата сестрински партии во ЕПП.

Во времето кога е покренато отворањето на Универзитетот, што треба да ги промовира демократските и академските слободи и да афирмира либералната демократија во Источна Европа, во пост-комунизмот, Орбан и Сорос били блиски пријатели.

Со средства од Фондацијата Сорос, Виктор Орбан студирал на британскиот Универзитет во Кембриџ.

Последниве години, меѓутоа, актуелниот унгарски премиер го обвинува Американецот, кој по потекло е унгарски Евреин, дека сака да се меша во домашната политика, нарекувајќи го финансиски шпекулант.