Орбан го бранеше азилот на Груевски пред унгарските пратеници


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во рамки на сесијата со пратенички прашања до премиерот во унгарскиот парламент, Виктор Орбан го бранеше политичкиот азил кој му го додели на Никола Груевски.

Одговарајќи ја прашања од пратениците, премиерот Виктор Орбан, повтори дека му е благодарен на поранешниот македонски премиер, за затворање на бегалската рута, и кажа дека Груевски бил прогонуван на меѓународно ниво од Сорос.

Орбан ја оцени и сегашната ситуација во Македонија, како место каде се случуваат, политички игри, а во овие игри, како што кажа, вмешано е и владеењето на правото.

Прашан од унгарската опозиција дали се сретнал со Груевски, Орбан одговори дека немал време да диши, а не пак да се сретне со екс премиерот.