Оптимистичка глобална прогноза на Светска Банка


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Светска банка има оптимистичка прогноза за глобалната конјунктура. Благодарение на порастот во индустријата и трговијата, експертите за годинава проценуваат пораст од 2,7 проценти.

Причина за оптимизам, покрај индустријата и трговијата, даваат и зголемената доверба на пазарите и опоравувањето во делот на цените на суровините, се вели од Светска банка. Ова е првпат во последните години Светска банка да не ја намалува својата јунска прогноза во споредба со јануарската поради зголемени ризици. За 2018 и 2019 година се смета дури и со стапка на пораст од 2,9 проценти.

Македонската економија, според најновата прогноза, годинава би требало да има раст од 2,8 проценти. За наредната година се предвидува раст од 3,3 проценти, а во 2019 година 3,8 проценти.

Сепак, за одделни региони проценките на Светска банка се променети. На пример, во еврозоната сега се очекува пораст од 1,7 проценти, додека во јануари проценката беше за 0,2 проценти помала. За Јапонија проценката е зголемена за дури 0,6 проценти и сега се смета со стапка на пораст од 1,5 проценти. Светска банка соопшти дека порастот ќе биде поттикнат од извозот и ултралабавата финансиска политика. Што се однесува до САД, прогнозата е намалена за 0,1 процент и изнесува 2,1 проценти.

Највисок економски раст во регионот на западен Балкан годинава ќе има Косово – 3,9 отсто. Се прогнозира дека Албанија ќе има економски раст од 3,5 проценти, БиХ 3,2 проценти, Црна Гора 3,3 проценти, Србија 3 проценти и Хрватска 2,9 отсто.

Џим Јонг Ким смета дека опоравувањето на светскката конјунктура треба да се искористи за реформи

Претседателот на Светска банка Џим Јонг Ким оцени дека глобалната конјунктура доживува благо, но реално опоравување. Тоа треба да се искористи за реформи, за со помош на приватни инвеститори да може и долгорочно да се оствари пораст.