Актуелно

Општина Петровец станува тријазична – босанскиот станува официјален јазик

Босанскиот јазик ќе биде еден од службените јазици во македонските општини.

Ваквата погодност за своите жители овозможи општина Петровец, која на бошњачката заедница ѝ овозможи со општинските власти да комуницира на својот мајчин јазик. Пред неколку дена, одлуката ја донесоа  советниците на Петровец, општина на само 13 километри југоисточно од Скопје.

Но, како жителите на Петровец, етнички мешана општина, гледаат на тријазичноста?

Неколку политичари од Петровец, одлуката ја оценуваат како историска. Еден од нив е  општинскиот советник Рамиз Дураковиќ.

Заменик градоначалникот на Петровец е Елми Керими, етнички Албанец, кој изразува надеж дека нивниот пример ќе почне да се применува во цела Македонија.

На наредната седница, се очекува и официјално да се спроведат промените за статусот на босанскиот јазик во Петровец. Во Македонија засега само четири општини се тријазични, Гостивар, Врапчиште, Крушево и Чучер Сандево. Во 26 општини во службена употреба се по два  јазика, додека во 50  – статус на официјален јазик има само македонскиот.

Advertisements
To Top