Општина Битола одобри финансиска поддршка од 62.000 евра за обнова на планинарскиот дом „Копанки“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На вчерашната седница Советот на Општина Битола донесе одлука за финансиска помош за обнова на планинарскиот дом „Копанки“.

Се работи за финансикса помош во висина од 3.800.000 денари или околу 62.000 евра.

Претседателката на Советот, Габриела Илиевска рече дека одлуката е донесена со 16 гласа „за“ (ВМРО ДПМНЕ и Поинаку), 11 водржани ( СДСМ ) и 2 против ( Левица).

„Им честитам на битолчани, Со 16 гласа ЗА Советот донесе одлука за финансиска поддршка за обнова на Копанки! Денес се пишува историја за Битола и Копанки, секој бира на која страна од историјата ќе биди! Копанки за сите“ вели Илиевска.

Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски вели одлуката ја донеле после 12 часа и без подршката на СДСМ и Левица.

„Денес на седница на Совет на Општина Битола е донесена одлука за финансиска поддршка на Планинарскиот спортски клуб ПЕЛИСТЕР Битола за обнова на планинарскиот дом Копанки.

А дали е аџеле или не Копанки 9 години е аџеле и срамота е град како Битола да нема планинарски дом на Пелистер.

Затоа што тоа можеме да го направиме денес да не го оставаме за утре! Оваа мудра мисла ја кажал поранешниот Американски претседател Томас Џеферсон“ вели Бојкоски.

Пред вчерашната седница Иливеска рече дека Планинарско спортскиот клуб „Пелистер“ направи промена на статутот дека во случај на престанок на Здружението целиот нивни имот ќе припадне на Општина Битола.