Опседнати сте со селфи? Внимавајте, тоа е психичко пореметување


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Научниците тврдат дека луѓето опседнати со правење селфи имаат психичка дијагноза наречена „селфитис” и дека има три вида на ова пореметување.

Првиот ги опфаќа луѓето кои се сликаат себеси неколку пати дневно, без да ги објават фотографиите на друштвените мрежи. Вториот е акутен, се сликаат себеси неколкупати во денот и ги објавуваат фотографиите на друштвените мрежи. А третиот тип е неконтролирано се фотографираат и сите селфи фотографии ги објавуваат он лајн, барем шест пати дневно.

Терминот селфитис се појави прв пат во 2014 година во новинарски текст, во кој се предлага американската психијатриска асоцијација да размисли да го смести селфитисот во нарушувања.

Потоа направени се истражувања и утврдено е дека селфитисот навистина постои. Испитани се 400 луѓе во Индија, земја во која повеќето имаат Фејсбук профил. Воспоставена е скала на однесување при правење селфи со следење на самодовербата, барање внимание и социјална конкуренција.

Во труд објавен во меѓународно списание за ментално здравје и зависност се вели дека како и зависноста од интернет и селфито почнало како забава но истражувањето емпириски потврди дека нарушувањето постои.