Oppo го „згази“ Huawei во Кина – тој е новиот најпродаван бренд


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Oppo го надмина во продажба Huawei и за прв пат во историјата стана најпродаваниот бренд на смартфони во Кина.

Продажбата на компанијата Oppo порасна за 26 отсто во однос на минатата година, односно за 33 осто во однос на минатиот месец. Новата серија Reno 5 имаше голем успех бидејќи понуди подобри спецификации по ниски цени во однос на претходната серија Reno 4.

Компанијата Huawei забележа пад на продажбата поради американските санкции, а исто така го продадоа Honor.

Овие бројки се однесуваат само на еден месец, но се очекува дополнителен пад на Huawei во текот на оваа година.

Oppo се надева дека ќе забележи уште поголем профит со смартфонот Find X3 Pro.