Опозициски партии победија на изборите во Косово – Харадинај призна пораз


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На вчера одржаните предвремени парламентарни избори на Косово, изненадувачки, победија две опозициски партии – Самоопределување и Демократската лига на Косово.

Според скоро сите пребројани гласови. Самопределување доби 26 проценти, додека Демократската лига 25 насто од гласовите. Демократска партија на Косово која доминираше на политичката сцена над една деценија се пласира на третото место, добивајќи 22 насто од гласовите.

Четврта е Алијансата за иднина на Косово предводена од поранешниот премиер Рамуш Харадинај со 11, 6 проценти. Лидерот на Самоопределување Албин Курти изјави дека ќе формира влада со тоа што ќе коалицира со Демократската лига.

Десет од 120 места во парламентот се резервирани за етничките Срби кои според изборните резултати ги добила Српската листа. Уште десет места за другите малцинства.

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската партија, Рамуш Харадинај, прв излезе на прес-конференција.по завршувањето на вонредните парламентарни избори на Косово.

„Алијансата расте, но тешко е да се добие точен резултат“, рече Харадинај. Според сегашните прогнози, неговата Алијанса има само околу 10 проценти од гласовите.