Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На вчерачното гостување во Телма, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, ги демантираше шпекулациите дека доколку не добијат предвремени парламентарни избори, најголемата опозициска партија ќе ги бојкотира претседателските.

„Бараме предвремени парламентарни избори и бараме веднаш да се распишат. Нашите идни чекори на делување ќе зависат од одговорите на власта, но во никој случај нема да ги бојкотираме претседателските избори. Без разлика, ако одиме на претседателски и парлементарни избори ќе ги добиеме двата, ако одиме само на претседателските, ќе ги добиеме претседателските избори“, рече Јанушев

Со иста изјава претходно иззлезе и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијн Мицковски.

„Не само што ќе излеземе на претседателски избори, туку и бараме предвремени парламентари избори, за да се стави крај на манипулациите и лагите на владата предводена од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила и ќе учествува на изборите, на кои нема дилема дека ќе победиме. Но, потребна ни е довербата од народот. Само со помош на народот ни можеме да ја браниме Македонија. Ние не можеме како опозиција, со предупредувања да го корегираме она што го прави Владата. Затоа бараме и предвремени парламентарни избори“.