Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денес на протест „против неправдата“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес, 25 февруари, со почеток во 18 часот, ќе се одржи граѓански протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека протестот е „против неправдата, Заев е виновен“. Истиот ќе започне пред Јавното обвинителство лоцирано на кејот, а ќе заврши пред Врховниот суд.

-Оваа држава која почива на правдата, на нашата борба за независност и слобода, на почитувањата на правото, во која Македонците се борат за своите правдини, мора да се спротивстави на ваквото брутално кршење на законите и Уставот. Тоа е наша обврска, наша должност, но и наша задача, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашната прес-конференција ги повика сите граѓани од сите националности и убедувања да им се приклучат на протестот.

-Ова не е протест само на ВМРО ДПМНЕ туку на сите граѓани кои знаат дека главната кочница е Заев. Протест на кој ќе порачаме дека одговорност мора да има за неправдите и дека ЗАЕВ Е ВИНОВЕН! Одговорност за главата на октоподот која не може да се сокрие. Но и порака за чуварите на неправдите на Заев, обвинителството и Врховниот суд. Оваа држава која почива на правдата, на нашата борба за независност и слобода, на почитувањата на правото, во која Македонците се борат за своите правдини, мора да се спротивстави на ваквото брутално кршење на законите и Уставот. Тоа е наша обврска, наша должност и задача, нагласи Мицкоски.