Опозицијата протестира против Еди Рама: Поставени шатори пред неговата канцеларија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Илјадници демонстранти се собраа во Тирана за да бараат оставка од премиерот Еди Рама. Демонстрантите кои се предводени од опозициската Демократска партија поставија шатори пред канцеларијата на Рама и побараа негова оставка и формирање влада која ќе гарантира слободни избори.
Од албанското министерство за внатрешни работи изјавија дека тие нема да ги спречат демонстрантите да ги постават шаторите.
Владата на Рама треба да си оди, дојде време да ја симнеме. Тој ја потопи земјата во сиромаштија и корупција, ја доведе во ќорсокак, принудувајќи многу Албанци да ја напуштат земјата, изјави Љуљзим Баша од  центродесничарската Демократска партија.
Баша остана со демонстрантите до раните утрински часови, а го придружуваа неговата сопруга и останатите членови на политичката партија. Тој додаде дека протестите ќе продолжат се до моментот кога Владата ќе ги прифати барањата на опозицијата, формирање на техничка влада и организирање предвремени избори во земјата. Според него опозицијата ќе ги примени сите свои планирани активности до соборување на владата на левицата на премиерот Еди Рама.
Дел од Албанските медиуми оценуваат дека албанската опозиција започнала со примена на романското сценарио а додаваат и дека во земјата е можно влошување на безбедносната состојба.