Опожарен уште еден автомобил на вработен во КПД „Идризово“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Автомобил на уште еден вработен во затворот во „Идризово“ беше опожарен, со што бројката на запалени возила од вработени во оваа казнено-поправна институција се искачи на пет за половина година.

Синоќа бил запален автомобил на чувар во затворот пред неговиот дом во Ново Село.

-На 25 април во 01.56 часот во СВР Скопје, Љ.К. – вработен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, пријавил дека во неговиот двор во село Ново Село, скопско, било опожарено неговото патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Љ.К. сам го изгаснал пожарот, а повредени нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти од МВР.

Еден автомобил изгоре во кругот на затворот, а останатите се запалени пред домовите каде што живеат вработените.