Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Др. Дејвид Вуд, кардиолог од Ванкувер, Канада презентирал нова процедура за операција на срце наречена 3M транскатетерска замена на аортниот вентил, по која по само неколку часа пациентот може да си оди дома и да биде способен за да оди на работа наредниот ден.
3M е инаку кратенка од „мултидисциплинарен, мултимодален и минималистички“ пристап.
Ова брзо заздравување е возможно благодарејќи на минимално инвазивната техника за оперирање која досега била успешно изведена врз 411 пациенти во Канада и САД.
Операциите на отворено срце традиционално побаруваат анестезија и приклучување на пациентот на вентилатор кој дише наместо него, за потоа докторите да го отворат стернумот (коската која ги поврзува ребрата) и да поминат 3-4 часа работејќи на срцето.
За операцијата на болеста на аортниот вентил – кој пумпа крв со кислород од срцето во телото, тој вообичаено се заменува со механички вентил или донирано ткиво, а на пациентите им е потребно закрепнување во период од неколку недели.
За разлика од ова, техниката на Вуд вклучува цевка со широчина на малиот прст во ногата на пациентот, низ која потоа се движи балон до срцевиот вентил со цел да го прошири, по кој следат и инструментите потребни за негово инсталирање.