Операција на мозок пренесувана во живо – пациентката беше будна и разговараше со лекарите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Операција на мозок изведена врз млада пациентка во болницата во Тексас, САД, беше пренесувана во живо на интернет, додека за време на операцијата пациентката цело време беше будна и разговараше со лекарите.

Млада пациентка Џена Шард од Тексас, која била будна за време на операција на мозокот, можела да разговара со лекарите за време на операцијата, а гледачите од целиот свет можеле да го следат тоа, бидејќи дел од операцијата се пренесувала во живо на Фејсбук

Скоро 100.000 луѓе ја погледнаа операцијата , односно 40 минути од постапката во која лекарите во извадија тумор од мозокот на Џена.

На снимката се гледа како 25-годишната пациентка разговара со лекарите од едната страна на завесата, додека лекарите со хируршки маски и го оперираат мозокот од другата страна на завесата.

Шард доживеала мозочен удар поради затнување на крвните садови во левиот лобус што и предизвикало проблеми со говорот, изјави неврологот од Методистички здравствен центар во Далас, д-р Нимеш Пател.

Девојката морала да остане будна за време на операцијата за лекарите да не оштетат ниту еден дел од мозокот што го контролира говорот, па морала да кажува различни зборови за време на операцијата за хирурзите да направат карта на мозокот, изјави Пател.

На Шард дури и биле поставувани прашања во врска со нејзиното куче за да ја тестираат нејзината меморија во постапката што траела вкупно 4,5 часа.