Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На денешниот министерски состанок на ОПЕК во Виена треба да биде решено дали 14 членки на оваа организација ќе го намалат производството на нафта што би довело до зголемување на цените на овој енергенс. Цените на нафтата во светот паднаа за 4 насто пред денешниот состанок, а многумина експерти сметаат дека е нејасно каков ќе биде исходот од средбата во Виена.
Во очекување на резултатот од средбата на ОПЕК оптимизмот на пазарот е присутен.
Претставници на Саудиска Арабија соопштија дека земјата е подготвена да се откаже од склучување на договорот, ако Иран и Ирак не се вклучат.
Во 11 часот денеска официјално започна долгоочекуваната средба на ОПЕК во Виена. Претставниците на Организацијата на извознички на нафта ќе одлучат денеска дали да биде конечно потпишан договорот од Алжир за ограничување на производството на „црното злато“ на нивоа помеѓу 32.5-33 милиони барели дневно.
Во моментов главна пречка за сличен договор се Ирак и Иран. Министерот за енергетика, Халед ал Банкрот изјави дека би прифатил само Нигерија и Либија да бидат исклучени од договорот. Министерот за нафта на Иран, Биджан Зангане посочи дека неговата земја нема да го намали своето производство. Од своја страна енергетскиот министер на Русија, Александар Новак истакна дека неговата земја ќе влезе во преговори со ОПЕК по конечно склучување на договорот внатре во картелот.
Според аналитичарите денеска ќе се очекуваат нагли движења на цената на суровините и во двете насоки во опсег меѓу 40-50 долари за барел.