Опасно провокативен: Ники Минаж распали со новиот спот за „Megatron“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога оваа бомбастична жива провокација во движење, чиј приоритет очигледно е „провокативното и голотијата“ пред било што друго поврзано со нејзината медиумска појавност, ќе објави нов спот, никој не останува рамнодушен на тоа.

Така беше и со најновото видео снимено за песната „Megatron“ кое Ники Минаж го објави пред четири дена, а веќе стана атракција на интернет со над 18,7 милиони прегледи до денес.

Со овој спот Минаж дефинитивно се враќа на голема врата на музичката сцена, е заклучокот на западните шоубизнис медиуми.

Спотот е направен во целосно нејзин стил, а во прв план ги стави нејзинити атрактивни атрибути преку заводливото играње додека се гали со згодниот статист во видеото.