Опасно или корисно: Сè повеќе парови практикуваат врска „80/20“ – дали би се охрабриле на тоа?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Можеби веќе имате чуено за правилот „80/20“ кое може да се примени на многу аспекти од животот – храната која ја јадеме, парите кои ги трошиме и начинот на кој вежбаме.

Принципот води потекло од крајот на 19 век, а е поставен од страна на економистот Вилфредо Парето, кој заклучил дека 80 проценти од постигнатиот резултат се постигнува во 20 проценти од вкупното време во текот на реализацијата на одреден проект, пишува Independent.

Проектот, во овој случај, може да биде и нашата врска, а заклучокот кој произлегува од тоа е дека една личност не може 100 проценти да ги исполни сите наши потреби во секој момент. Партнерите, според таа логика, би требало да го искористат 20 проценти од времето кое ги развеселува и исполнува. Ова подразбира некое ново хоби или патување за време на кое не треба да имате контакт или да му се јавувате на партнерот.

Во долгорочните односи каде компромисот некогаш е тешко да се постигне, правилото „80/20“ има за цел да елиминира било какви негативни чувства за време на привремената разделба. Секако, секоја врска во овој поглед ќе биде поинаква, а посебно кога е сексот во прашање. Партнерите мора да имаат целосна доверба еден во друг.

Во тие 20 проценти од времето треба да се посветите само на себе, што за секој поединечно може да значи нешто друго – од апстиненција од секс со партнерот до задоволување на своите потреби со некој друг. Таквите врски повеќе наликуваат на отворен однос, но важно е дека партнерите треба да се договорат оти ваквите „излети“ се случуваат само во овие 20 проценти од индивидуалното време.

Партнерите мора да имаат апсолутна меѓусебна доверба, а некои од нив тврдат дека нивната врска базирана на овој принцип е многу посилна и постабилна од претходно. Прашањето кое треба да си го поставите при впуштање во вакво нешто е: Што ако на партнерот времето кое го поминува без вас му се допадне повеќе отколку оние 80 проценти кои ги поминува со вас?