Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Спречувањето на имунолошкиот систем да се брани од болести, намалувањето на продуктивноста на телото и мозокот се само дел од лошите нешта кои му ги правите на вашето тело ако не спиете доволно во текот на едно деноноќие.
Пад на имунолошкиот систем
Кога не спиете доволно, го спречувате имунолошкиот систем да се брани од болести. Исто така, ја намалувате вашата телесна продуктивност и онаа на вашиот мозок.
Размислување
Недостатокот на сон влијае на вашиот мозок и неговата способност да донесува правилни и разумни одлуки во решавањето на проблемите. Исто така, вашите реакции во случај на ненаспаност се забавени.
Дебелеење
И научно е докажно дека за лицата кои спијат само 5 часа на ден, поголем е ризикот од нагло здебелување.
Изумирање на мозочните клетки
Истражувањата направени врз глувци потврдија дека после подолг период без спиење, околу 25% од мозочните клетки престануваат да работат и самите „си земаат одмор“.
Срцев и мозочен удар
Ако не спиете доволно, вашето срце нема да функционира правилно, а со текот на годините неговото работење толку ќе ослаби, што е речиси многу веројатно дека ќе се здобиете со некое од потешките срцеви заболувања. Тука е и зголемениот ризик од мозочен удар, кој исто така може да има смртен исход.
Слабо либидо
Недоволно сон ќе се одрази и на вашата сексуална желба и енергија. Кај мажите, неспиењето може да го намали нивото на тестостерон за 10 до 15 насто.
Забрзано стареење
Ако не го почитувате(не)пишаното правило за 7 до 9 часа сон дневно, ризикувате и да ве снајде забрзано стареење, порано појавување на брчки, старечки пеги и млитавост на кожата.
Заборавање
Вашето краткотрајно памтење пе прва појава како последица од недоволното спиење. Во почетокот ќе бидете малку збунети, а потоа ќе почнете да се однесувате поразлично.
Ризик од рак
И научно е докажано дека недоволно сон од ден во ден го зголемува ризикот од рак, посебно кај жените (рак на дојката и на грлото од матката).