Опасна ноќ во главниот град: Над 60 возачи во Скопје изминатата ноќ возеле пијани

пукотници во чаир

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Последната ноќ во главниот град баш и не била мирна.

Полицијата во Град Скопје изминатата вечер спроведе акција во која кај дури 61 возач било утврдено присуство на алкохол во крвта, а двајца возачи одбиле да прават алкотест.

Како што соопштија од полицијата сите возачи биле исклучени од собраќајот и санкционирани.

Акцијата била спроведена од 23 часот до 05 часот наутро.

Покрај тоа полицијата открила и други 118 прекршоци за кои се издадени 46 мандатни платни налози и 72 прекршочни платни налози.