ООК бара продолжување на мерката притвор за Катица Јанева


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесен е предлог за продолжување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, пренесува Телма повикувајќи се на потврдени информации од обвинителството.

До сега притворот на Јанева беше под сите три основи, опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото. Овој пат обвинителството бара да и се продолжи притворот по првите две основи а не и по третата за повторување на делото бидејќи веќе е разрешена.