Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славниот готвач Гордон Ремзи сподели видео од својот нов бургер на Инстаграм и предизвика поделени реакции.
54-годишниот готвач го сподели рецептот за својот нов бургер со повеќе од 12,2 милиони следбеници, а видеото го погледнале повеќе од 2,2 милиони луѓе за само неколку дена.
Но, неговиот Onion Tatin Burger ги подели мислењата. И додека некои пишуваат за тоа како изгледа плескавицата, на другите им пречи нејзината големина.
„Обидете се да го гризнете“, е еден од коментарите. “Зарем не се жалевте во една епизода од Hell’s Kitchen за плескавица што не можевте да ја ставите во уста? Тогаш го направивте ова чудовиште”, е друга реакција
„Дали е ова највкусниот начин да ја дислоцирате вилицата? некои се пошегуваа.