Огромни реакции откако ВИП и Телеком ги исклучија Discovery и Eurosport каналите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Веќе од 1-ви јануари , претплатниците на Оне.Вип и Македонски Телеком немаат пристап до каналите на Discovery со своите претставителни брендови како што се Discovery каналот, TLC , Investigation Discovery ( ID ). Понатаму , Eurosport 1 и Eurosport 2 исто така не се повеќе достапни на гледачите на Оне.Вип и Македонски Телеком.

За жал, македонските гледачи нема да имаат повеќе пристап на најголемите светски спортски настани кои се прикажуваа на Eurosport, како што е Бундес лига , следната сезона на Гранд Слем , првата од многуте Олимписки игри во февруари која е комплетно покриена од страна на нашите спортски канали ; Discovery платформата прикажува одлични шоуа како што се: Running Wild with Bear Grylls, Wheeler Dealers, Gold Rush како и шоута кои наскоро ќе се прикажуваат: Tesla’s Death Ray: A Murder Declassified; TLC’s Cake Boss, Say Yes to the Dress, My Big Fat Fabulous Life.

ПР-тимот на каналите вели дека е разочаран од фактот што двата оператори симултано ја донеле одлуката да ја прекинат долготрајната соработка и воедно да ги лишат гледачите со драстичен и ограничен пристап , со остранување на глобално најгледаниот број 1 спортски канал.

Од Пр тимот испраќаат порака со која ги фановите да ги комуницираат своите ТВ провајдери и да ги изнесат своите желби да се вратат на емитување Discovery каналите , TLC , Investigation Discovery ( ID), Eurosport 1 како и Eusrosport 2 .

Во меѓувреме продолжува соработката со Телекабел како и остананати регионални оператори во Македонија, кои остануваат да го прикажуваат портфолиото на Discovery каналите на своите платформи.

Корисниците на услугите за кабелска телевизија на ВИП и Телеком, можат да ги раскинат договорите без да плаќаат пенали, откако операторите укинаа дел од програмите, велат од Агенцијата за електронски комуникации.

„При склучување на договорот операторот се обврзува да му ги гарантира на корисникот каналите кои ги нуди во моментот на негово склучување. Доколку дојде до ваква ситуација, да се укинат канали тогаш корисниците можат слободно да побараат раскинување на договорот без да платат пенали. Прво можат да се обратат до операторот и доколку не им биде одговорено треба да поднесат приговор во АЕК. Ние ќе им издадеме решение дека операторот го прекршил договорот и претплатникот може во секој момент да го раскине“, велат од Агенцијата за електронски комуникации.

Изминативе три дена голем број граѓани реагираа на исклучените канали, велејќи дека клучен фактор за склучување на договорот со операторот биле спортските канали.

До сега во АЕК се стигнати 48 приговори по овој основ, а од таму очекуваат кон крајот на месецов бројот да биде поголем.