Она што веројатно се случило со телото Даенерис после „Game of Thrones“ е срцепарателно


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Додека полека стивнува бурата и еуфоријата после завршувањето на една од најпопуларните серии на сите времиња, „Game of Thrones“, теориите и предвидувањата на обожавателите (но, и на експертите) околу тоа како продолжуваат судбините на подинечни ликови од серијата не спласнува.

Многу од обожавателите нема баш да ги развесели предвидувањето на еден антрополог што најверојатно се случило со за многумина до самиот крај омилениот лик – кралицата Даенерис.

За оние кои уште не ја изгледале серијата до крај, предупредуваме дека ова е „спојлер“.

Форензичкиот антрополог Керолин Рандо за Huffington Post дава веројатна теорија за она што се случило со кралицата Даенерис после нејзината смрт. Керолин смета дека Даенерис е изедена од нејзиниот змеј.

На многумина обожаватели во сеќавање им остана трогателната сцена во која, откако Даенерис починува, нејзиниот змеј Дрогон тагува над нејзиното мртво тело, а потоа го однесува во непознат правец. И додека кај некои од обожавателите ова разбуди надеж дека Даенерис ќе „воскресне“, Керолин има спротивно мислење.

„Дали е можно да ја изеде? Многу веројатно. Таквиот заклучок не треба да го отфрлиме“, вели таа.

Но, постои и друга можност.

„Изгледа дека однесувањето на змејовите во оваа серија има одредена сличност со човечкото однесување.Тој Даенерис ја доживуваше како родител, тагуваше за неа. Прво што виделе тие кога се родиле била таа. Мислам дека тоа врз нив оставило силно влијание. Во зоолошките градини понекогаш животните учат да преживуваат во дивина и за тоа се користат кукли со цел тие да не се поврзат со луѓето. Мислам дека тој чувствувал потреба, како родител, да ја заштити“, вели Керолин.

Сепак, објасни дека не е необично животното да го изеде својот сопственик после неговата смрт.

„Тоа се случува почесто отколку што мислиме, но во доста специфични услови. Ако некој живеел сам со милениче, немал многу пријатели и не излегувал често од дома, после неговата смрт може да се случи неговото милениче едноставно да нема храна“, истакнува таа.

Што мислите вие дека се случи со телото од Даенерис?