Она што ние „не смеевме да го видиме“: Еве кој упадна на терен за време на финалето во Москва


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Согласно правилата и условите за лиценца за пренос во живо на ваквите спортски настани, режисерите на преносот на финалниот дуел помеѓу Франција и Хрватска во рамки на Светското фудбалско првенство „ни ја скратија“ можноста да видиме кои беа ликовите што упаднаа на теренот за време на натпреварот и предизвикаа мал хаос и прекин на истиот.

Членови на панк бендот и активистичката група „Pussy Riot“ беа бунтовниците кои вчера попладне го прекинаа на кратко финалниот дуел од Светското фудбалско првенство на „Лужниќи“, пренесе Интерфакс.

Имено, како што е денеска објавено, руските власти подигнале обвинение против тројцата мажи и една жена за „кршење на правото на гледачите“ и нелегално носење на полициски симболи, кога со упадот на теренот накратко го прекинаа финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал. На четворицата им се заканува казна до 11.500 рубљи (околу 155 евра) или 160 часови работи во јавен интерес.

Протестирачите облечени во полициски униформи во 52-ра минута од натпреварот предизвикаа краток прекин на финалето меѓу Франција и Хрватска на московскиот стадион „Лужники“ кој има капацитет од 81.000 гледачи.

На финалето присуствуваше и претседателот на Русија, Владимир Путин, а натпреварот во живо беше пренесуван ширум светот.

„Pussy riot” на социјалните мрежи повика на ограничување на полициските овластувања и на други реформи во Русија. Групата со години му се спротивставува на Путин, а нејзините членови поминаа неколку години во затвор поради организирање на различни протести.