Он-лајн наставата продолжува и во второто полугодие


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Министерката за образование и наука Мила Царовска останува на ставот онлајн наставата да продолжи и во второто полугодие од учебната година. Според неа, ова е најбезбеден начин, а веќе сите наставници и ученици се прилагодиле на овој систем на учење.

„Комисијата за заразни болести пред околу месец дена заседаваше по однос на тоа дали ќе има некакви промени, сметаме дека најбезбедно е начинот на кој што започна учебната година да продолжи и во второто полугодие, се со цел да одржиме континуитет а сепак бројот на позитивни случаи во образоване систем да остане на нивото на кое што го имаме“, рече министерката.

Според Царовска, и наставниците и родителите и учениците се прилагодија на на новиот систем на учење и таа се одвиваше во континуитет.

Посочи дека доколку има некаква промена во епидемиолошката состојба, Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе го разгледуваат ова прашање заедно со Министерството за образование.

„Засега, ставот е тој дека остануваме на истиот начин да продлжи и второто полугодие на кој што сметам дека сите се прилагодија и се задоволни“, посочи министерката Царовска при посетата на Ботаничката градина при Природно-математичкиот факултет.