ОН алармира: Украинскиот егзодус е најбрзорастечката бегалска криза во Европа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бројот на бегалците кои бегаат од војната во Украина наскоро би можел да надмине 1,5 милион луѓе, соопшти агенцијата за бегалци на ОН УНХЦР, додавајќи дека тоа е најбрзо растечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна.

„Ова е најбрзо растечката бегалска криза што сме ја виделе во Европа од крајот на Втората светска војна“, изјави директорот на УНХЦР за Ројтерс. Приближно 1,3 милиони луѓе веќе ги напуштиле своите домови од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.

Полска досега примила половина од вкупниот број бегалци, тврди полскиот претседател. Бројот на бегалци е висок и во земјите како Унгарија и Романија. Но, не секој одлучува да остане во земјата во која пристигнуваат од Украина.

На пример, 140.000 луѓе кои пристигнале во Романија во текот на првите осум дена од војната отпатувале во други земји, а во Романија останале околу 60.000, според податоците на УНХЦР.

Земјите кои граничат со Украина служат како прва станица за многумина кои бегаат од војната додека патуваат во подалечните европски земји. Германскиот експерт за миграција Џералд Кнаус процени дека Европа може да очекува прилив од 10 милиони украински бегалци.