Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според статистичките податоци од извештајот на Здружението на германската осигурителна индустрија (ГДВ) минатата година во Германија се пријавени 14229 автомобили со каско осигурување. Направената штета е во противвредност од околу 280 милиони евра, пренесуваат медиумите.
Посебно популарни меѓу крадците биле СУВ возилата. Најомилен за крадење бил автомобилот БВМ –Х6 од втората генерација. Интересно меѓу најомилените се и пет модели на Тојота и Лексус.
На листата на десет најомилени автомобили за крадците во Германија се :
Модел – генерација:
БВМ –Х6 од (втората генерација)
Ланд Ровер Велар –(1 генерација)
Мазда ЦХ -5 (втората генерација)
Лексус ЦТ 200 (1 генерација)
Тојота Приус Плус (1 генерација)
Ланд Ровер –рангер ровер (3 генерација)
Лексус – НХ (1 генерација)
Рено Талисман (1 генерација)
Тојота ГТ86 (1 генерација)
Тојота РАВ 4 (4 генерација)
Истиот извор наведува дека крадците во Германија во 2019 година украле помалку нови автомобили, нивна цел повеќе биле автомобили стари меѓу две и три години.
Според стручњаците причина за тоа е што новите модели најверојатно имаат подобра заштита од крадење.