Омикрон со новиот бран ги преполови со работници германските компании


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Летниот бран на омикрон варијантата од коронавирусот во Германија ја преполови работната сила во фирмите и компаниите.

Дневно се заразуваат и до илјади случаи, но за среќа оваа варијаната не е опасна, но досега од сите варијанти најбрзо се шири. За германскиот инфектолог Андреј Трампуж летниот бран кој не само Германија ќе ги зафати и другите земји не е опасен пред се поради силниот колективен имунитет и од вакцинацијата и од прележаниот ковид.

„Симптомите се слични, но инфекцијата се во поблага форма, нема тешка форма. Изгледа како вирусна инфекција болки во мускулите и зглобовите, температура и респираторни симптоми со носот и грлото. Инаку, тоа трае неколку денови и им е подобро на заразените. Вирусот се шири во фамилиите, во училиштата, на работните места. Секој кој е позитивен оди во изолација најмалку пет дена и во моментов има многу луѓе кои се дома, поради вирусот не одат на работа и во моментов тоа е поголем проблем, отколку самата инфекција“, вели за Канал 5 Трампуж.

Трампуж објаснува дека на есен ќе има повеќе заразени и сигурно маските во затворените простории ќе се вратат.

„На есен ќе има повеќе инфекции и ќе мора да ги заостриме мерките и ќе носиме маски во затворени простории и понтака ќе има тестирање и изолација, но почнуваме и со вакцинација. Прво да ги заштитиме старите луѓе и оние кои се повеќе чувствителни од некои хронични заболувања и тогаш најверојатно ќе има нова вакцина која ќе биде комбинација од сегашната вакцина и омикронската вакцина таканаречна бивалентна или двовалентна вакцина. Со оваа вакцина ќе почнеме на почетокот на есента да вакцинираме“, потенцира инфектологот.

Она што дава надеж е дека ковид вирусот ќе стане ендемичен и ќе биде и во иднина со полесни симптоми отколку минатата есен, вели германскиот инфектолог.