Омер Фарук го отвора Скопско лето


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вечерва, со настапот на Омер Фарук Текбилек (САД/Турција) и  неговиот ансамбл во Македонска опера и балет, во 22 часот, ќе почне годинешново СКОПСКО ЛЕТО, меѓународната културна манифестација, што традиционално почнува на првиот ден на летото, но и на Светскиот ден на музиката.

Отворањето на Скопско лето 2017 ќе го означат уште два културени настани, односно во 19:30 часот ќе се одржи концертот „ЛЕТНИ НОТИ“ на Градскиот дувачки оркестар под диригентската палка на Хусеин Еминовиќ на улица Македонија и во 20 часот, исто така, на улица Македонија ќе биде поставена  инсталацијата „THINK FREEDOM – МИСЛИ СЛОБОДА“ на Едина Селесковиќ – Бoсна и Херцеговина.

Под покровителство на Градот Скопје и Министерството за култура на Република Македонија, годинешново СКОПСКО ЛЕТО ќе понуди околу 50 програмски содржини, концерти на класична, народна и џез музика, драмски, балетски и оперски претстави, изложби и филмски проекции, специјални проекти и премиери. Главниот град на државата ќе пулсира во ритамот на творешниот немир и креативноста на  домашните уметници, а Скопје и оваа година ќе биде домаќин на уметници од 16 држави од целиот свет

Градот Скопје ги покануваат скопјани и гостите на Скопје да бидат дел од уште едно возбудливо издание на СКОПСКО ЛЕТО, кое е препознатлив културен белег на нашиот град и Република Македонија.

Целосната програма на Скопско лето 2017 може да ја видите на следната интернет врска – https://issuu.com/skleto/docs/katalog_skopsko_leto_2017