Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кога станува збор за комбинација од перформанси и потрошувачка, Omega Car е болид кој е сон за многумина љубители на возењето.
Кејси Путс себеси се претставува како автомобилски дизајнер, инженер, уметник и професионален возач или „ренесансен човек од модерното време“. Факт е дека не му недостасува имагинација и знаење, особено ако го погледнете овој автомобил.
Genius Garage го претставува Omega Car, уникатен автомобил кој комбинира навидум некомпатибилни карактеристики, минимална потрошувачка и исклучително забрзување. Под хаубата е мотор на Volkswagen 2.0 TDI, додека многумин ќе го запомнат проектот XL1, концептното возило на Фолксваген кое троши помалку од литар на 100 км.
Omega е далеку поинаква. Целта е 100 mpg, или 2,35 л / 100 км. Но, Кејси ги искомплицира работите тука и вели дека овој автомобил мора да забрза подобро од неговиот Dodge Viper, односно да стигне до 96 км на час за помалку од четири секунди. Во таква атмосфера, секој ќе му прости на не многу привлечниот звук на моторот.
Кејси не застанува тука со неговите желби. Тој вели дека кога ќе ја постигнат целната изведба, дополнително ќе го дотераат автомобилот со цел да загадува што е можно помалку. Исто така, желбата е возилото да биде изработено од рециклирачки материјали.