ОМД: Македонија изврши самоукинување


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги осудува очигледните притисоци и наводни поткупувања на пратеници, било во монетарна вредност, амнестија или други уценувачки средства, преку кои уставните промени дефинирани со Преспанскиот Договор, добија дво-третинско мнозинство во македонското Собрание.

Срамниот чин на самоукинување, не само што е пораз за правната држава и демократскиот поредок, каде гласот на народот изразен преку неуспешниот референдум е анулиран, туку претставува и злосторство врз македонската државност за која се бореа нашите предци.

Разединетоста на македонскиот народ и политичката нестабилност, беа искористени во сечиј интерес, освен македонскиот. Оттука, кога државниот суверенитет е предмет на политичко предавство, битката за одбрана на народното достоинство и државност е во рацете на новата генерација активисти во политичката арена, кои имуни на притисоци, уцени и поткуп од секој тип, со многу поголем морал и познавање на правото, ќе го сносат товарот да ги исправат грешките од минатото.

Иако ова е голем неуспех и жален ден испишан во македонската историја, ОМД повикува на политичка одговорност, совесност и отчетност. Иако понекогаш задоцнето, ОМД уверува дека правдата секогаш ги стигнува оние кои и пркосат.