Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По повод средбата на државниот врв и опозицијата во Република Македонија што се одржа на 27 Јануари 2018, Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) го изјавува следново
Соопштение за Јавност
Со особено внимание ги проследивме изјавите на политичкиот врв кои после 5 часовни разговори зад затворени врати “информативно” разговараа за предлозите на медијаторот Нимиц, за кој ОМД смета дека постои конфликт на интерес во функцијата кој тој ја извршува, како и за разговорите на премиерите на Македонија и Грција во Давос.
По површните информации за јавноста, ОМД длабоко ги анализираше изјавите на сите учесници по средбата.
Во отсуство на декларативно изјаснување на Претседателот Иванов, Премиерот Заев и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски, за тоа дека не се разговара за идентитетот и јазикот на нацијата, туку само за разрешување на билатералниот спор што Грција го има со Република Македонија, ОМД смета дека целосно неодговорна е реториката употребена во изјавите на сите учесници.
Учесниците потфрлија пред јавноста, во ваков важен момент за државата, да го афирмираат и потврдат ставот дека идентитетот и јазикот на народот не се предмет на тековните разговори со Грција и дека всушност се разговара единствено во рамките на Привремената спогодба на ОН – односно изнаоѓање решение за билатералниот спор како ќе ја ословува Грција, Македонската држава во меѓусебните односи.
Со тоа ОМД смета дека средбата создаде сомнеж за не-дословно почитување на Уставот на Република Македонија.
ОМД цврсто стои на ставот дека треба да се прекинат сите разговори со Грција и да се започне процедура за заведување на Република Македонија во Обединетите Нации под уставното име.
ОМД заедно со другите Македонски организации како ко-организатори на движењето #НиеCмеМакедонија изразува огромна благодарност до Македонците ширум светот за учеството на мирните собири и ги повикува на продолжување и интезивирање по масовност мирните собири низ државите во кои живеат Македонците. Само обединети можеме заеднички да допринесеме во зачувување и промовирање на Mакедонската засебност, идентитет, јазик и култура, да издејствуваме прекин на разговорите околу разликите за името, неуставниот Зaкон за јазици и штетниот договор за добрососедство со Бугарија.
Обединети, Можеме!