Омароса: „Меланија одвај чека да се разведе од Трамп – еве зошто не може веднаш“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившата советничка од Белата куќа, Омароса Маниголт Њуман, која во својата книга Unhinged: An Insider’s Account of the Trump White House, открива разни пикантерии за американскиот претседател Доналд Трамп, меѓу кои и тврдењето дека меѓу него и сопругата Меланија ситуацијата воопшто не е сјајна.

Меланија ги брои минутите до истекот на неговиот мандат, за да може да се разведе од него“, наведува Маниголт во својата книга.

Како причина зошто Меланија веднаш не бара развод од бракот со Трамп, Омароса ја наведува визата на Меланија која Трамп наводно ја средил. Првата дама наводно се плаши дека Доналд од позиција на претседател би можел да ја доведе во прашање и загрози нејзината виза ако таа го напушти.

„Кога Меланија би му приредила најголемо понижување со тоа што ќе го напушти додека тој е претседател, Доналд би нашол начин како да ја казни“, тврди бившата советничка на Трамп.

Намерно провоцира со облеката

Омароса додава дека Меланија намерно ја носела јакната од Zara со натпис „Стварно не ми е гајле, а вас?“ кога во јуни го посети центарот за деца мигранти во Тексас. Со тоа, тврди Маниголт Њуман, таа сакала да го нервира и провоцира својот сопруг.

Тоа не е прв пат Меланија со својот моден избор да му праќа пораки на Трамп.

„Таа е многу добро свесна дека нејзината облека детално се анализира и коментира. Зошто носеше розова pussy bow блузичка од Gucci откако протече снимката на која Трамп вели: Кога си ѕвезда, жените сè ти дозволуваат, дури и да ги фатиш за вагината (Pussy)? Дали случајно носеше бело одело како Хилари Клинтон кога Трамп се обраќаше пред Конгресот? Нејзините модни пораки не се секогаш јасни, но не се случајни“, тврди Омароса.