Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Откако фудбалската легенда Карл-Хајнц Румениге поднесе оставка на функцијата извршен директор на Баерн, на тоа место ќе го наследи бившиот голман и уште една легенда на клубот, Оливер Кан.
Од првиот ден на јули Оливер Кан ќе ја преземе директорската позиција во Баерн. Румениге претходно му препушти на Кан да го предводи Баерн. Тој беше негов ментор, а првата голема работа на Кан беше доведување на тренерот Џулијан Нагелсман од РБ Лајпциг.
Заминувањето на Румениге од Баерн е конечно. Тој нема да зазема никаква позиција кај германскиот шампион и ќе ја продолжи кариерата како дел од УЕФА ИО. Румениге е во клубот од есента 1991 година. Тој започна како потпретседател со Франц Бекенбауер, а ја извршуваше функцијата извршен директор на Баерн од 2002 година.