Олимпик Марсеј силно заинтересиран за Алиоски


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски би можел да го напушти Лидс ова лето и да се пресели во Франција.

Имено, поранешниот европски шампион Марсеј е силно заинтересиран за Алиоски и сака да го доведе во своите редови.

Спортскиот директор Андони Зубизарета го следел Алиоски и е спремен да испрати официјална понуда до Лидс во следните денови.

Тренерот Андре Виљас-Боаш дал зелено светло за трансферот, па се очекува наскоро да стартуваат преговорите.

Македонскиот репрезентативец е проценет на околу 5 милиони евра, сума која францускиот клуб е спремен да ја плати.