Олимпиецот отворено за сексуалноста: Јан Торп открива зошто ја криел сексуалната ориентација (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Австралискиот петкратен добитник на златни олимписки медали со години се соочуваше со гласини за неговата сексуалност, но секогаш негираше дека е геј.

Тој ја обелодени неговата сексуалност во 2014 година во едно телевизиско интервју каде објасни: „Подолго време сакав да ја обелоденам мојата сексуалност… слободно можам да кажам дека сум геј маж“.

Откако го стори тоа, Торп во таблоидите го поврзуваа со Рики Мартин, но тој моментално е во врска со австралискиот модел Рајан Ченинг.

Пливачот, кој на 14-годишна возраст прв пат ја претставуваше Австралија на меѓународен план, неделава зборуваше за борбата со својата сексуалност.

Во една емисија на ABC, тој призна: „Посакувам да ја обелоденев мојата сексуалност порано. Видете, прв пат бев обвинет дека сум геј кога имав 16 години. Но бидејќи ми звучеше како обвинување, секогаш на тоа гледав како на нешто лошо“. Торп не ја криел својата сексуалност само од светската јавност, многумина од неговите блиски пријатели и роднини исто така не знаеле. Тој им се отворил неколку недели пред да го стори тоа јавно во 2014 година.

„Навистина ми беше тешко да им кажам на блиските пријатели и роднини. Им споменав, „знаете, размислувам да ја соопштам мојата вистинска сексуална ориентација на ТВ и да завршам со тоа“. Луѓето ми велеа, „можеби прво треба да се навикнеш на тоа“, но јас бев решен да го направам тоа. Имав можност да бидам човекот кој сум и тоа е навистина моќна работа“, објаснува олимпиецот.

„Чудно е, геј луѓето мора дури да размислуваат дали да се држат за раце или не? А треба да се држиме за раце“. Тој се осврна и на недостигот од брачна еднаквост во Австралија што придонесува за хомофобичната култура.

„Важно е да има брачна еднаквост во земјава и мислам дека е битно тоа да се случи сега. Знам како е да се расте како млада личност, како граѓанин од втор ред, чувствувајќи дека правиш нешто погрешно. Тоа е она што се подразбира кога ги немате истите права како другите луѓе“, вели Торп.

Но, и по обелоденувањето на сексуалноста не било сѐ така розово.

Торп се присети дека тој и неговиот партнер се соочиле со хомофобични навреди поради тоа што се бакнале на задното седиште во едно такси возило.

„Сѐ уште постои хомофобија во општеството. Го бакнав момчето на задното седиште во автомобилот и ми беше кажано да покажам малку почит оти „тоа е одвратно и не сакам да го правите во мојот автомобил“. Бев збунет… не очекував дека тоа може да се случи во Сиднеј во 2016 година“, вели тој.

Извор: Queer