Оксфордските научници тврдат дека се на чекор од откривање вакцина за КОВИД-19


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Научниците од Универзитетот Оксфорд тврдат дека дошло до голема промена во светската трка за вакцината против коронавирус.

Многу научни тимови мораа да започнат со тестирање на мал примерок за да ја одржат безбедноста врз луѓето, но научниците од Институтот Џенер имаа предност во оваа трка затоа што во изминатата година направиле слични истражувања, односно тестирање на вакцини за претходната форма на коронавирус.

Затоа тие се меѓу првите во светската трка за вакцината „ковид-19“, јавува „Њујорк Тајм“ и ќе тестираат повеќе од 6000 луѓе до крајот на мај, надевајќи се дека не само што вакцината е безбедна за луѓето, туку и дека делува против новиот коронавирус.

Научниците од Оксфорд велат дека нивната вакцина, доколку се оди добро, ќе биде достапна уште во септември.

NY Times пишува дека најновите вести од овој научен тим се многу охрабрувачки.

Шест мајмуни ја примиле вакцината од Оксфорд, по што научниците ги изложиле на големи дози на коронавирус. Заразени се сите мајмуни во лабораторијата, освен шестемина кои ја примиле вакцината. Тие останале здрави 28 дена по примањето на дозата.

„Овој вид мајмуни (Резус макаки) е најсличен на луѓето“, вели Винсент Мунстер, истражувач кој спроведува тестирање на мајмуни.

Мунстер додаде дека следната недела ќе разговара за резултатите од оваа анализа и потоа ќе објави научен напис во едно од списанијата.

Имунитетот на мајмуните не е гаранција дека вакцината ќе обезбеди исто ниво на заштита кај луѓето. Кинеската компанија, која неодамна тестираше примерок од 144 учесници, SinoVac, исто така, истакна дека вакцината е ефикасна кај овој вид мајмуни.

„Тоа е многу, многу брза клиничка програма“, рече Емилио Емини, шеф на програмата за пронаоѓање на вакцини од Фондацијата на ,,Бил и Мелинда Гејтс“, која финансира повеќе компании за да изнајдат решение за новиот коронавирус.

Невозможно е да се дознае која потенцијална вакцина ќе се покаже најдобро додека податоците за тестот не станат достапни.

Емини објаснува дека дефинитивно ќе бидат потребни повеќе од една вакцина. Некои вакцини се поефикасни од другите, особено во групи како што се деца или постари лица. Или тие се разликуваат по цената и дозите. Секако дека е подобро да имате повеќе опции од само една при производство на вирус.

Истражувањето на научниците од универзитетот Оксфорд, доколку биде неуспешно, ќе обезбеди важна лекција за природата и однесувањето на коронавирусот и како тоа влијае врз имунитетот.